Yusuf Hatip
03 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) упати апел до Асадовиот режим поддржан од Русија, за прекинување на нападите врз цивилите во Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Новинарот на АА му постави прашање на портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, во врска со тоа што цивилите во Идлиб се таргетирани од страна на Асадовиот режим со поддршка на Русија, и покрај меѓународните апели и процесот од Астана. Новинарот на АА, исто така го замоли Стано да даде коментар во врска со можниот нов миграциски бран од регионот кон Европа.
Стано нагласи дека ЕУ изразува загриженост за состојбата на цивилите. „Сериозно сме загрижени поради последните напади во Идлиб. Воздушните напади на сирискиот режим и неговите поддржувачи како Русија, предизвикуваат сериозна хуманитарна трагедија и го предизвикуваат раселувањето на голем број лица. Упатуваме апел за прекинување на воените активности во регионот и апел за политичко решение“, рече Стано.
Што се однесува до загинатите шест лица во Идлиб, од кои пет турски војници и едно лице од цивилниот персонал, Стано рече: „Ги следиме настаните. Тоа е показател дека треба да се седне на преговарачка маса.“