Şerife Çetin
03 Јуни 2019•Ажурирај: 04 Јуни 2019
БРИСЕЛ (АА) - Најмногу деца во едно домаќинство на европскиот континент живеат во Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според последните податоци објавени од Европската канцеларија за статистика (Евростат), најмногу деца во едно домаќинство во земјите на европскиот континент живеат во Турција. Турција зад себе ги остави земјите членки на Европската Унија (ЕУ).
Според податоците, во 51 отсто од домаќинствата во Турција живеат деца. По Турција, на второ место се наоѓа Ирска (39 отсто), Полска и Словачка (36 отсто), Романија (35 отсто) и Шпанија (34 отсто).
Најдолу на табелата се наоѓаат Германија и Финска, каде што во 22 отсто од домаќинствата живеат деца. Потоа следува Шведска (23 отсто) и Австрија (25 отсто).