Dmitri Chirciu
03 Јуни 2019•Ажурирај: 04 Јуни 2019
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, истакна дека прашањата за Сирија и Венецуела треба да се решат преку дијалог, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров во рускиот главен град, Москва, оствари средба со неговиот колумбиски колега, Карлос Олмес Трухиљо, по која двајцата министри одржаа заедничка прес-конференција.
Запрашан да коментира за заканите на Соединетите Американски Држави (САД) кон Венецуела и користењето сила врз оваа земја, шефот на руската дипломатија нагласи: „Проблемот не може да се реши со вакви закани. Тоа го вознемирува народот и создава илузија дека опозицијата ќе дојде на власт“.
„Прашањата за Сирија и Венецуела треба да се решат преку дијалог. Според Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), само Сиријците можат да ја определат својата иднина. Верувам дека истиот пристап важи и за Венецуела“, додаде Лавров.
Шефот на колумбиската дипломатија, Трухиљо, истакна дека неговата земја ја признала легитимноста на Хуан Гваидо, претседателот на Националното собрание на Венецуела, кој се прогласи за привремен претседател на државата.
„Постојано сме во дијалог со Владата која е легитимна за Колумбија“, нагласи Трухиљо.