Muhammet Kurşun
03 Јуни 2019•Ажурирај: 04 Јуни 2019
ТЕХЕРАН (АА) – Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Абас Мусеви, во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството ги оцени трговските тензии помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Опишувајќи ги политиките на САД кон Кина како „економски терор“, Мусеви рече дека иранската Влада ги осудува тие иницијативи.
Мусеви истакна дека САД за да ги задржат старите позиции вметнуваат анормални трошоци за други земји, рече дека тие иницијативи се „осудени на неуспех“. Тој, исто така, нагласи дека таквите политики се некомпатибилни со меѓународната моќна пирамида и тековната променливост.
Се нагласува дека „трговската војна“ меѓу САД и Кина е еден од најважните меѓународни проблеми, и дека тензијата има моќ да ги надмине САД и Кина, и да има ефект врз благосостојбата во светот.
„Според анализите и опишаните податоци, пристапот на САД што доведе до војна со Кина, во идните две години ќе резултира со пад на бруто-приходот во светски рамки од 600 милијарди долари. Тоа пак, значи намалување на животниот стандард на глобално ниво и зголемување на сиромаштијата“, рече Мусеви.
Тој, исто така, рече дека пристапот на САД кон создавање тензии и кризи не е насочен само кон Иран, туку и кон други земји, како што е сега со „трговската војна“ со Кина.
„САД и во Кина сакаат да го наметнат својот став. На тој начин сакаат да ја потиснат економската реалност со политички размислувања“, додаде Мусеви.
Тој посочи дека Владата на САД треба да направи сериозна ревизија во пристапот и методите во однос на меѓународните прашања и начинот на борбата со реалноста.
„Реалност е дека моќта на САД во светот е намалена, наспроти тоа другите актери ја зголемија својата моќ“, заклучува Мусеви.