Emre Aytekin
03 Јуни 2019•Ажурирај: 05 Јуни 2019
ЧАНДИГАРХ (AA) – Исчезна авион на Воздухопловните сили на Индија во североисточната сојузна индиска држава Асам, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата за дописникот на АА, одговорните лица истакнаа дека воено-транспортниот авион „АН-32“ на Индиската воздухопловна авијација напладне полетал од аеродромот во областа Јорхат во Асам, но не стигнал до целта во Воениот аеродром во областа Мечхука, во сојузната држава Арунаџал Прадеш.
Посочувајќи дека е изгубена радиоврската со авионот, властите истакнаа дека во авионот се наоѓал екипаж од 13 члена. Во тек се активностите за пронаоѓање на авионот.
Властите, исто така, наведуваат дека рутата по која се движел авионот поминува низ планински и шумски предел и дека е можно да била направена грешка при слетувањето на авионот или пак да се работи за некој дефект.