Şerife Çetin
16 Јануари 2020•Ажурирај: 21 Јануари 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ), потсетувајќи дека сѐ уште продолжуваат нападите на Асадовиот режим и Русија во Идлиб кој се наоѓа во северозападниот дел на Сирија, нагласи дека моменталната состојба таму е многу загрижувачка, јавува Агенција Анадлија (АА).
Портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, одговори на новинарските прашања на денешната прес-конференција, на која рече дека ЕУ е фокусирана на состојбата во Идлиб.
Укажувајќи на важноста на спроведувањето на примирјето во рамки на процесот на Астана, Стано истакна дека треба да се зголемат напорите со цел помошта да достигне до цивилите.
„Нападите на Асадовиот режим и Русија кои продолжуваат без да се прави некоја разлика, предизвикуваат голем број жртви. Моменталната состојба е многу загрижувачка“, додаде Стано.