Selen Temizer
12 Октомври 2022•Ажурирај: 13 Октомври 2022
БРИСЕЛ (АА) - Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, истакна дека Европската комисија предложила на Босна и Херцеговина да ѝ се даде статус „земја кандидат“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вархеји во Европскиот парламент (ЕП) го презентира Извештајот за проширување на Европската комисија - 2022.
Тој за време на презентацијата истакна дека е предложено да ѝ се даде статусот „земја кандидат“ на Босна и Херцеговина која сега има статус „потенцијален кандидат“.
Според него, ЕУ ќе продолжи да ја набљудува Босна и Херцеговина во различни прашања, како борбата против корупцијата, слободата на изразување, слободата на медиумите, законските реформи.
Вархеји укажа на важноста на спроведување на точките кои се познати како „14 приоритети“.
Инаку, Советот на ЕУ на 23 јуни соопшти дека е подготвена да ѝ даде статус „земја кандидат“ на Босна и Херцеговина, и за таа цел ја повика Европската комисија да го презентира извештајот во врска со спроведувањето на 14-те основни приоритети.