Lejla Biogradlija
16 Јуни 2021•Ажурирај: 16 Јуни 2021
САРАЕВО (АА) - Во рамки на операцијата спроведена по налог на Обвинителството на Босна и Херцеговина во градот Груде, во јужниот дел на земјата, откриено е поголемо количество авиобомби, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на Обвинителството, во рамки на операцијата спроведена во соработка со полициските сили, извршена е рација во една компанија во Груде.
Во соопштението се вели дека откриени се поголем број авиобомби чие производство, снабдување и трговија, се забранети за цивилните граѓани.
Се претпоставува дека овие авиобомби датираат од војната во Босна и Херцеговина во периодот 1992/1995 година.
Според соопштението, авиобомбите се опасни бидејќи влегуваат во групата на експлозиви.
Се истакнува дека е започната детална истрага во врска со случајот.