Mehmet Tosun
06 Декември 2020•Ажурирај: 07 Декември 2020
АНКАРА
Министерството за одбрана на Турција преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека турските командоси спровеле уште една успешна операција во подрачјето на „Извор на мирот“ во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во оваа операција турските командоси успеаја да неутрализираат 9 терористи на ПКК/ЈПГ кои се обиделе да изведат напад во зоната на „Извор на мирот“, со цел да го нарушат мирот и безбедноста во тоа подрачје.