Halit Süleyman
31 Октомври 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
АЛЕПО (АА) - Во округот Карм Хамуд од градот под опсада Алепо, беа фрлени моќни уништувачки бомби коишто можат да создадат кратери длабоки од 5 до 7 метри. На местото каде што беа фрлени овие бомби, останаа големи дупки и испукаа водоводните цевки, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради оштетувањето на водоводните цевки, жителите останаа без вода и беа принудени да ја користат водата што се излева од пукнатите цевки.
Поради продолжувањето на воздушните напади од страна на сирискиот режим и Русија, жителите немаат можност да ја поправат водоводната мрежа.
Огромните дупки станаа базени за децата
Поради пукнатите водоводни цевки на местата каде што паднаа бомбите, кратерите станаа базени за децата. Во изјавата за АА, 14-годишниот жител на округот, Ахмед, рече дека во Карм Хамуд паднале 4 пробивни бомби.
„Бидејќи немаме парк за играње, секој ден доаѓаме тука и си играме во водата. Многу луѓе загинаа. Поради тоа што немаме место за играње, си играме тука“ рече Ахмед.
Ахмед истакна дека жителите на округот ја користат водата од пукнатиот водоводен систем за дневни потреби, и рече дека жителите сакале да ја поправат водоводната мрежа, но поради воздушните напади на режимот, немаат можност за тоа.
И Ебу Лејс од цивилната одбрана истакна дека во минатите месеци, поради воздушните напади извршени од страна режимот на Сирија и Русија врз областите под контрола на опозицијата, беше оштетен поголемиот дел од водоводната мрежа.
Лејс рече дека поради оштетениот водоводен систем, граѓаните имаат проблем со водоснабдувањето.
„Во нападите не беа цел само водоводните мрежи и депоата. Исто така беа бомбардирани болници, училишта и пазари. Поради нападите, опозициските области се претворија во урнатини.