свет

Илјадници лица протестираат поради нападот врз црква во Дамаск

- Вчера терористичката организација ДЕАШ ја нападна црквата „Свети Илија“ во Дамаск. Во нападот загинаа 25 лица, а 63 беа повредени.

Ömer Koparan  | 24.06.2025 - Обновена : 25.06.2025
Илјадници лица протестираат поради нападот врз црква во Дамаск

ДАМАСК (АА) – По експлозијата што се случи вчера во сирискиот главен град Дамаск, илјадници луѓе денес се собраа во подрачјето на црквите во населбата Баб Тума во знак на протест, известува Анадолу.

Демонстрантите побараа сторителите на експлозијата да бидат изведени пред лицето на правдата и пренесоа пораки за единство и солидарност носејќи крстови.

На протестот, кој се одржа во подрачјето во кое христијанската заедница е густо населена, присуствуваа лица од различни општествени слоеви.

Демонстрантите маршираа од Баб Тума до Баб Шарки пеејќи верски песни.


- Терористички напад врз црква

Вчера терористичката организација ДЕАШ ја нападна црквата „Свети Илија“ во Дамаск. Во нападот загинаа 25 лица, а 63 беа повредени.

Турција, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Јордан, Франција, Ирак и Бахреин го осудија терористичкиот напад во кој загинаа и беа повредени цивили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.