Oktaj Omeragikj
24 Јуни 2025•Ажурирај: 25 Јуни 2025
СКОПЈЕ (АА) - Поради ракетните напади што меѓусебно ги извршуваат Израел и Иран, Израелците се принудени ноќите да ги минуваат во засолништа, известува Анадолу.
Меѓусебните напади на Израел и Иран продолжуваат веќе дванаесетти ден.

Поради звукот на сирените и можноста од напад, Израелците ноќта ја минуваат во засолништа, главно формирани во метро-станиците и на паркинзите во трговските центри низ главниот град Тел Авив.
Непријателствата избувнаа на 13 јуни кога Израел започна воздушни напади врз неколку локации низ Иран, вклучително воени и нуклеарни објекти, поттикнувајќи го Техеран да започне возвратни напади.