Ethem Emre Özcan,Mehmet Burak Karacaoğlu
28 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
ИДЛИБ
Турската фондација „Дијанет“ (ТДВ) отвори основно училиште во градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија, во кое ќе учат 1.100 ученици, јавува Агенција Анадолија (АА).
Основното училиште „Амар Бин Јасирr“ во местотоДејр Хасан во Идлиб, кое се наоѓа на границата со Турција, е отворена од страна на ТДВ со поддршка на малезиската организација „Мапим Малезија Вакуф".

Во ова училиште ќе учат 1.100 ученици кои живеат во кампови каде се засолнети цивили раселени од страна на Асадовиот режим и неговите поддржувачи.
На отворањето на училиштето беа доделени различни поклони за децата.
Инаку, ТДВ во 2019 година во село Кан во Идлиб го отвори основното училиште „2. Абдулхамид Хан“ во кое учат околу 500 ученици.