Fuat Kabakçı
31 Октомври 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Во кинеската провинција Хубеи е пронајдено тело на жена старо 500 години, со зачувани коса, веѓи, заби и облик на лицето, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинескиот провладин весник „Глобал тајмс“ објави дека телото на жената старо пет века е пронајдено во јужната провинција Хибеи.
Телото било пронајдено во гробницата којашто припаѓа на династијата Минг, а археолозите покрај телото пронашле и перница, две ќебиња и речиси 20 предмети обложени со свила.
Заменик-директорот на Управата за музеј и култура Шиншу Пинг Tao вели дека трупот припаѓал на жена што починала на возраст од 60 години и дека свилената облека, најверојатно, го спречила распаѓањето на телото.
Пинг исто така изјави дека на саркофагот не се пронајдени натписи и дека идентитетот на жената не е утврден.
Пинг нагласи дека луѓето во периодот на династијата Минг биле закопувани во скапа облека и накит, и рече дека експертите сѐ уште работат на откривањето на идентитетот на жената.