Fuat Kabakcı
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
ПЕКИНГ (АА) - Кинеските власти им наредија на компаниите во таа земја привремено да ги запрат сите летови во кои се користат авионите на Боинг, јавува Anadolu Agency (AA).
Вкупно 157 патници и членови на посадата загинаа вчера во авионската несреќа која се случи кај Адис Абеба. Авионот „Боинг 737-8“ на компанијата „Етиопијан ерлајнс“ се урна кратко по полетувањето од Адис Абеба кон Најроби.
Канцеларијата за Цивилна авијација на Кина денес соопшти дека истиот тип авион на Боинг имал слична несреќа и во октомври минатата година во Индонезија.
Од Канцеларијата ги повикаа сите кинески компании привремено да ја запрат употребата на моделот „Боинг 737-8“.
Кинеските компании нема да ги користат тие авиони на Боинг додека не добијат гаранции дека нема безбедносен ризик.
Кинеските авиокомпании во употреба имаат вкупно 96 авиони „Boing 737-8 MAX“.
Меѓу настраданите во вчерашната авионска несреќа во Етиопија има државјани од 35 земји, вклучувајќи осум државјани на Кина.