Mahmut Atanur
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
ЏАКАРТА (АА) - Хиндусите на островот Бали, Индонезија, го прославуваат празникот Ден на тишината, кој го означува симнувањето на ѓаволот на Земјата, јавува Anadolu Agency (AA)
Според календарот Бали Сака, хиндусите во рамките на овие активности, кои се прифатени како почеток на Новата година и познати под името „Нјепи“, за да ја избркаат лошата среќа 24 часа апстинираат од дневните активности, како што се зборување, рекреација и употреба на електрична енергија.
Штом настапи „Нјепи“, што по локално време започнува во 04:00 часот, на туристите не им е дозволено да излегуваат надвор. На улиците на островот се движат само лицата Пеџаланги, кои се одговорни за обезбедувањето.
Поради настанот „Нјепи“ на островот еднодневно е затворен авионскиот и бродскиот сообраќај. Освен возилата на итната медицинска помош, ниту едно друго возило не може да учествува во сообраќајот.
На островот за време на празникот сите дуќани се затворени, исто така ќе нема и интернет-пристап. Освен во болниците и безбедносните институции, осветлувањето преку целиот ден се обезбедува од свеќи.
Во меѓувреме, туристите што сакаат да ја избегнат забраната за овие активности, од островот Бали во Индонезија, кој е најмногу посетуван од туристите, обично заминуваат на островот Ломбок, кој се наоѓа во близина.
Во Индонезија, како и секоја година и оваа година Денот на тишината е прогласен за државен празник.