Emre Aytekin
22 Март 2022•Ажурирај: 23 Март 2022
ПЕКИНГ (АА) - Сè уште не се пронајдени преживеани по вчерашното уривање на авионот „Чајна Истерн ерлајнс“ во кој се наоѓале 132 лица, објавија локалните медиуми денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Авионот „Боинг 737“ со 123 патници и девет члена на екипажот летал од кинескиот град Куенминг за Гуангџоу, а во понеделникот се срушил во планинското подрачје во близина на источниот град Вуџоу.
Спасувачките акции продолжуваат, а на местото на настанот се пронајдени остатоците од авионот и личните работи на патниците, но нема трага на преживеани.
Истражителите ја бараат црната кутија на авионот за да ги откријат деталите за несреќата.
Од компанијата „Боинг“ соопштено е дека се во „контакт со американскиот Национален одбор за безбедност на сообраќајот и дека техничките експерти се подготвени да помогнат во истрагата што ја води кинеската Управа за цивилно воздухопловство“.