Fuat Kabakçı
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
ПЕКИНГ (АА) - Поради слабата видливост, предизвикана од загадувањето на воздухот во градот Тјенцин, во Кина се откажани 309 летови, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинска агенција Синхуа јавува дека нивото на штетни честички е најмалку шестпати над горната граница на дозволени вредности на Светската хуманитарна организација (СЗО).
Во градот е прогласен тридневен портокалов аларм. Покрај откажаните стотици летови, 19 авиони беа принудени да слетаат на аеродромите во околните градови.
Локалните власти велат дека патиштата се привремено затворени.
Пред две недели во Кина, во гореспоменатиот град и во неколку провинции е прогласена тревога поради високото загадување на воздухот.
Поради загадувањето беа откажани 217 летови во Пекинг и 227 во Тјенцин.
Повеќето големи градови во Кина се на врвот на листата на најзагадени градови во светот.