Sayed Khodaberdi Sadat
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
МЕЗАР-И-ШАРИФ (АА) - Вчера беше извршен бомбашки напад на шиитска џамија во покраината Херат, Авганистан, во кој се повредени шест лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на канцеларијата на гувернерот, Џејлани Ферхад изјави дека бомбата била поставена во михработ на Имам Бакировата џамија, а направата е активирана со далечински управувач за време на молитвата на крајот на денот.
Фахрад истакна дека едно лице е во тешка состојба.
Сѐ уште никој не презеде одговорност за нападот, но во последните две години е забележан пораст на нападите на терористичката организација ДЕАШ на шиитите.
Кон крајот на минатата година, во Кабул беше извршен напад на џамијата Бакир ел Улум. Тогаш загинаа 27 лица.