Cüneyt Karadağ
16 Август 2021•Ажурирај: 17 Август 2021
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека по најновата ситуација во Авганистан потребно е потесно да се работи со Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на „Билд“, базирана на извори од партијата на Христијанско-демократската унија (CDU), се истакнува дека канцеларката Меркел, која преку видеоконференција учествувала на состанокот на Управниот одбор на партијата, ги споделила своите ставови за ситуацијата во Авганистан.
Посочувајќи дека Германија е заинтересирана да обезбеди локална поддршка за луѓето во Авганистан и дека е можен бегалски бран, Меркел рече: „Покрај тоа, треба тесно да соработуваме со Турција.“
Таа истакна дека одлуката за повлекување од Авганистан ја донеле Американците, и дека по повлекувањето на американските војници дошло до домино-ефект.
„Живееме горчливи часови, сега мораме да се концентрираме на спасување“, нагласи канцеларката Меркел.