Ekipa
18 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
КАБУЛ (АА) - Повеќе минофрлачки гранати беа истрелани од непознати напаѓачи кон дипломатското подрачје во главниот град на Авганистан, Кабул, во текот на денешните прослави на Денот на независноста, потврди официјален претставник, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тарик Аријан, соопшти дека досега нема пријавено жртви и дека истрагите за нападите се во тек.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите извршени за време на настаните за одбележување на Денот на независноста во претседателската палата, Министерството за одбрана и другите владини објекти во добро обезбедената дипломатска зона во зградот.
Во март, слични минофрлачки напади за кратко време ја нарушија свеченоста за положување заклетва на претседателот Ашраф Гани.