Ekipa
18 Август 2020•Ажурирај: 19 Август 2020
БОГОТА (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) не вршат притисок врз Кувајт и другите арапски земји во Заливот да воспостават дипломатски односи со Израел, изјави високиот советник на Белата куќа Џаред Кушнер, јавува Агенција Анадолија (АА).
Откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела соопшти дека Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се согласиле да ги нормализираат односите, тој рече дека очекува повеќе арапски земји да го следат тоа.
Но, за време на брифингот за новинарите, Кушнер негираше дека Трамп вршел притисок врз Кувајт и другите земји од Советот за соработка во Заливот (GCC) да го следат примерот на ОАЕ.
„Земјите ќе прават работи кои се во нивен интерес. Кувајт има многу порозна историја со Палестинците“, рече Кушнер, мислејќи на палестинската официјална поддршка на ирачката инвазија врз Кувајт за време на војната во Заливот во 1991 година, кога над 400.000 Палестинци беа истерани од Кувајт.
„И сега тие заземаат многу радикален поглед на конфликтот во корист на Палестинците“, рече тој. „Очигледно, тоа не е многу конструктивно“.
Кушнер рече дека пристапот на Трамп нема за цел да врши притисок врз земјите затоа што „односите што се градат под притисок не опстојуваат“.
По договорот со ОАЕ, Кувајт соопшти дека ќе биде последната земја што ќе ги нормализира односите со Израел, објави во неделата дневниот весник „Ал-Кабас“ во неделата, повикувајќи се на извори од Владата на Кувајт.
За време на брифингот, Кушнер исто така рече дека договорот на Обединетите Арапски Емирати ќе придонесе до одложување на спорните планови на Израел за анектирање на големи делови од окупираниот Западен Брег.
„Израел се согласи со нас дека нема да продолжат [со планот] без наша согласност. Не планираме да дадеме согласност за тоа некое време“, рече тој.