Firdevs Bulut Kartal
18 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Новиот вид коронавирус продолжува да зема животи низ целиот свет, во Бразил регистрирани се стотици нови смртни случаи и новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Министерството за здравство на Бразил, во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19 во земјата починале 684 лица, со што бројот на смртни случаи достигна 108.536.
Бројот на потврдени случаи достигна 3,36 милиони со регистрирани 19.373 новозаразени во изминатото деноноќие.
Со популација од 46 милиони, Сао Паоло останува најтешко погодениот регион со 702.655 случаи на вирусот и 26.899 смртни случаи. Во тоа подрачје досега од вирусот се излекуваа 2.48 милиони луѓе.
Бразил, кој брои над 221 милиони жители, е епицентар на епидемијата во Латинска Америка.