Zehra Ulucak
18 Август 2020•Ажурирај: 19 Август 2020
АНКАРА
Според податоците што ги објавува интернет страницата „Worldometer“, бројката на лица позитивни на новиот тип на коронавирус се искачи на 22.050.472 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Америка е земја во која се регистрирани најголем број на заразени со коронавирусот, вкупно 5.612.027.
Листата на земји најпогодени од пандемијата на Ковид-19 во светот по САД се Бразил (3.363.235), Индија (2.701.604), Русија (927.745), Јужноафриканска Република (589.886), Перу (541.493), Мексико (525.733), Колумбија (476.660), Чиле (387.502), Шпанија (382.142), Иран (345.450), Велика Британија (319.197), Саудиска Арабија (299.914), Аргентина (299.126), Пакистан (289.832), Бангладеш (279.144) и Италија (254.235).
Во Турција се детектирани 250.542 лица позитивни на Ковид-19.
Земји во кои коронавирусот е детекттиран кај повеќе од 100.000 лица се:
Германија (226.686), Франција (219.029), Ирак (180.133), Филипини (164.474), Индонезија (141.370), Канада (122.872), Катар (115.368), Казахстан (103.300), Еквадор (101.751) и Боливија (101.223).
- Новиот тип на коронавирусот се рашири во повеќе од 200 земји и региони
Откако во декември минатата година во кинескиот град Вухан се појави Ковид-19, за кус период пандемијата на новиот тип на коронавирус се рашири низ 200 земји и региони од светот.
Досега од последици на заразеност со коронавирусот животот го загубија 777.459 лица.
Од почетокот на пандемијата оздравеа 14.793.398 лица заразени со коронавирусот, а сѐ уште трае лекарскиот третман на 6.479.615 активни случаи.