Tevfik Durul
27 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
ПЕКИНГ (АА) - Во Кина, како резултат на големото загадување на воздухот, на сила е портокаловиот аларм, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Националниот метеоролошки центар на Кина, изјавија дека портокаловиот аларм е издаден за подрачјето на Пекинг. Се очекува дека огромното загадување на воздухот ќе трае до утре.
Официјални лица ги предупредија граѓаните да не ги напуштат своите домови, освен во случаи кога е неопходно. Предупредувањето, особено се однесува на постарите лица, децата и на луѓето со респираторни проблеми.
Поради големото загадување на воздухот, видливоста е намалена на 500 метри. Возачите се предупредени да се приспособат на условите на патот.
Поради загадувањето на воздухот во Кина, на сила се четири нивоа на аларм, син, жолт, портокалов и црвен. Повеќето кинески градови се рангирани меѓу најзагадените градови во светот.
Во Кина во последниве години се преземени многу мерки за намалување на загадувањето на воздухот. Беа формирани тимови за надзор, зголемени казни за компаниите кои предизвикуваат загадување, а привремено беа стопирани и градежните работи.
Земјата со проблемот на загадувањето на воздухот и животната средина се соочува особено од 2014 година. Повеќето големи градови во Кина кои ја плаќаат цената на брзиот развој и урбанизацијата, исто така се најзагадените градови во светот.
Во најнаселената земја во светот, од заболувања предизвикани од загадувањето на воздухот, годишно умираат околу 1,6 милиони луѓе.