Gözde Bayar
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
ТРИПОЛИ (АА) - Владата на национално единство на Либија прогласи вонредна состојба и нареди мобилизација во подрачјето на Сирте, на брегот на Средоземното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Прогласувањето на вонредна состојба уследи откако силите лојални на пензионираниот генерал Халифа Хафтар, односно Либиската национална армија, тргнаа кон јужните делови на градот.
Владата која ја поддржуваат Обединетите нации (ОН) ги повика сите лојални вооружени сили да бидат во состојба на готовност.
„Каква било ескалација на нападите би значело прогласување на војна чии последици би биле катастрофални“, се наведува во соопштението на Владата.
Либија е средиште на длабока политичка криза уште од 2011 година кога е убиен Муамер Гадафи. Оттогаш на власт се паралалените влади со седиште во Триполи и Тобрук, кои имаат посеби парламенти и вооружени сили.
Кон крајот на 2015 година, претставниците на паралелните либиски влади под закрила на Обединетите нации потпишаа договор за формирање на Влада на национално единство.
Планот беше таа влада да ја преземе власта во земјата и во рок од 12 месеци да распише парламентарни избори. Поради продолжувањето на несогласувањата тоа досега во целост не се имплементира, па Либија и понатаму е далеку од безбедна и политички стабилна земја.