Ekipa
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
ПРАГА (АА) - Како последица на силната бура во Чешка, во која ветрот достигна брзина од дури 200 километри на час, најмалку 320.000 домаќинства останаа без струја, јавува Anadolu Agency (AA).
Силна бура во текот на ноќта ги зафати деловите на централна Европа, а најголеми последици остави во Чешка.
Портпаролката на чешката Компанија за електродистрибуција (CEZ), Соња Холингерова, потврди дека од вкупно 14 региони на земјата, во 10 е прогласена кризна состојба кога станува збор за напојувањето со електрична енергија.
Таа наведе дека околу 300 високонапонски водови во земјата се оштетени поради силната бура, и како последица на тоа околу 320.000 домаќинства во земјата останале без струја.
Силната бура зафати, исто така, и делови на Австрија и Германија, а брзината на ветрот достигна дури 200 километри на час.
Како последица на бурата се оштетени значаен број станбени објекти, а поради стеблата што ветрот ги собори на пругата дојде до задоцнување во железничкиот сообраќај.
Како последица на невремето во Германија загина едно лице.