Ekipa
11 Јули 2016•Ажурирај: 12 Јули 2016
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку шест лица загинаа, а осум се водат за исчезнати во тропска бура што го погоди источниот дел на Кина и уништи околу 2.000 станбени објекти, јавува Anadolu Agency (AA).
Тропската бура Напертак во саботата го погоди источниот брег на Кина и ги загрози животите на 449.000 луѓе што живеат во погодените региони. Вчера бурата уништила речиси 2.000 домови во провинциите Фуџиан и Џиангси, а од најранливите региони беа евакуирани 203.000 жители.
Кинеското Министерство за цивилни прашања соопшти дека бурата уништи 15.800 хектари земјоделско земјиште.
Економската штета се проценува на 128,7 милиони долари.
Метеоролозите предвидуваат дека бурните врнежи и силните ветришта ќе се задржат уште неколку дена во кинеските провинции Џеџанг, Џангси и Фуџиан.