Ata Ufuk Şeker
05 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
БРИСЕЛ
Земјите членки на Европската унија (ЕУ) одобрија пружање на три милијарди евра макрофинансиска помош за десет земји по повод пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Европската комисија соопшти дека е одобрен пакет за финансиска помош за десет земји за да се ограничи влијанието на Ковид-19 врз нивните економии.
Во соопштението се наведува, дека во согласност со таа одлука, Босна и Херцеговина ќе прими помош од 250 милиони евра. Останатите земји кои се опфатени со предлогот се Албанија на која ќе и биде упатена помош од 180 милиони евра, додека помошта за Грузија ќе изнесува 150, за Јордан 200, за Косово 100, за Молдавија 100, за Црна Гора 60, за Северна Македонија 160, а за Тунис 600 милиони евра.
Најголема помош ќе биде упатена на Украина а ќе изнесува 1,2 милијарди евра.
Се очекува одобрување на поддшката од страна на Европскиот парламент.