Recep Şakar
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
МЕЛБУРН
Управата на џамијата Томастаун во австралискиот град Мелбурн им пружа помош на граѓаните кои се тешко погодени од последиците предизвикани со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
До сега поделија 60 пакети со храна за луѓето во тој дел од Мелбурн.
Џамијата, која дејствува под покровителство на Турската фондација за образование и исламска вредност, до сега организираше голем број на хуманитарни акции.
Претседателот на Фондацијата Метин Чифтчи во разговор за АА изјави дека одлучиле да пружат помош во согласност со своите можности на луѓето кои како последица на глобалната пандемија останале без работа, како и на оние кои не можат да излегуваат од своите домови и мигрантите кои тешко доаѓаат до храна.
Потсетувајќи дека овој рамазан ифтарските програми кои секоја година се организираат во џамијата се откажани поради епидемијата, одлучиле со тие пари да купат животни намирници за сограѓаните на кои овие денови им е потребна помош поради тешката ситуација во која неочекувано се нашле.
„Се надевам дека пакетите со храна ќе ги делиме и наредните години без оглед на ситуацијата“, изјави Чифтчи.