Muhammed Emin Canik,Zehra Ulucak
31 Јули 2020•Ажурирај: 01 Август 2020
БУЕНОС АИРЕС - Новиот тип коронавирус во последните 24 часа е причина за смртта на 1.129 лица во Бразил, 639 во Мексико и 779 во Индија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бразил е втора земја во светот најмногу погодена од пандемијата на коронавирусот. Во последните 24 часа починаа 1.129 лица како последица на коронавирусот.
Според податоците на бразилското Министерство за здравство, вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна бројка од 91.263. Во последните 24 часа регистрирани се 57.837 новозаразени со вирусот, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.610.102.
Државата Сао Паоло, со популација од околу 46 милиони жители, која во исто време е и центар на трговијата во Бразил, претставува најпогоден регион во земјата со 529.006 заразени со коронавирусот и 22.710 смртни случаи.
Досега оздравеа 1.824.095 лица кои претходно биле позитивни на Ковид-19.
Бразил со население од над 211 милиони жители се именува како „епицентар на пандемијата“ во Латинска Америка.
- Ковид-19 во Мексико досега е причина за смртта на речиси 46 илјади заразени -
Според податоците на мексиканското Министерство за здравство, во последните 24 часа во земјата од последици на заразување со коронавирусот, починале 639 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи се доближи до бројката од 46 илјади.
Во истиот период детектирани се 7.730 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 416.179.
Во Мексико оздравеа 272.187 лица кај кои претходно бил откриен коронавирусот.
- Во Индија бројката на починати се зголеми на 35.747 -
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последното деноноќие 779 лица починале како последица на заразување со новиот тип коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 35.747.
Во последните 24 часа детектирани се 55.078 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 1.638.870.
Во Индија оздравеа 1.057.805 лица кои биле заразени со Ковид-19.
Според интернет-страницата „Worldometer“, во моментов Индија е трета земја во светот според бројката на регистрирани лица позитивни на коронавирусот.