свет

Турски авиони „Ф-16“ пристигнаа во Азербејџан за заедничката воена вежба

Авионите ќе учествуваат во заедничките воени вежби „ТурАз Картали-2020“, што започнаа во средата

Handan Kazancı  | 31.07.2020 - Обновена : 01.08.2020
Турски авиони „Ф-16“ пристигнаа во Азербејџан за заедничката воена вежба

БАКУ (АА) - Турски воени авиони „Ф-16“ пристигнаа во Азербејџан за заедничките воени вежби, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението, Министерството истакнува дека авионите ќе учествуваат во заедничките воени вежби „ТурАз Картали-2020“, што започнаа во средата.

Вежбата, во која се вклучени авиони и хеликоптери, ќе продолжи во главниот град Баку, како и во Нахчиван, Гања, Курдамир и Јевлах до 10 август.

Копнените вежби треба да се одржат во Баку и Нахчиван од 1 до 5 август со артилерија, оклопни возила и минофрлачи кои ќе гаѓаат симулирани цели.

Вежбите се одржуваат по ерменскиот напад врз азербејџанските трупи во северозападниот пограничен регион Товуз. Во нападите загинаа најмалку 11 азербејџански војници, меѓу кои еден генерал и еден полковник.

Азербејџан ја обвини Ерменија за провокациите, Анкара застана зад Баку, предупредувајќи го Ереван дека нема да се двоуми да застане против каков било напад на источниот сосед.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.