Yusuf Özcan
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
ПАРИЗ
Во Франција од последици предизвикани од новиот тип на коронавирус починаа 25.201 лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за јавно здравје на Франција соопшти дека во последните 24 час во оваа земја новиот тип на коронавирусот е детектиран кај 1.199 лица, со што вкупната бројка на заразени изнесува 203.253.
Моментално во француските болници се хоспитализирани 25.548 пациенти, вклучувајќи и 3.696 пациенити сместени во одделенијата за интензивна нега. Во Франција веќе 26 дена по ред се намалува бројот на пациентите на интензивна нега.
Од почетокот на епидемијата во Франција од Ковид-19 оздравеле 51.371 лице, вклучувајќи ги и 619 оздравени во последните 24 часа.
Досега во Франција од последици предизвикани од заразеност со Ковид-29 починаа 25.201 лице, од кои 15.826 во болници и 9.375 во домови за старци.
Бројот на починати во последните 24 часа е помал во однос на претходниот ден.
Француските власти најавија дека од 11. мај постепени ќе ги релаксира мерките за ограничувања на движење и дека од тој ден со работа ќе можат да започнат градинките и основните училишта, но под услов во училниците да има најмногу 15 ученици и во училиштето да се воведени хигиенско-превентивни мерки. Владата најави дека од 11. мај со работа ќе можат да започнат и помалите музеи.
Градоначалниците на градовите од регионот Ил де Франс, вклучувајќи го тука и Париз, до претседателот Емануел Макрон испратија писмо во кое бараат дополнително пролонгирање на датуот за отворање на училиштата.