Alma Dekovic
27 Декември 2021•Ажурирај: 28 Декември 2021
ЕЛ ПАРАИС
Во Хондурас, најголемиот произведувач на кафе во Централна Америка, во тек е бербата на една од најпопуларните намирници во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фотографот на Агенција Анадолија го забележа процесот на бербата на кафе на фармата во градот Ел Параисo, по што работниците кафето го пакуваат во вреќи и го носат во складиште.
Кога доаѓа време за бербата на кафе, во Хондурас се ангажираат околу 500.000 луѓе.
Илјадници нови растенија кафе никнуваат на ридските падини на југоисточен Хондурас, додека одгледувачите се надеваат дека ќе заработат пари од добрите цени на кафето, чиј скок е предизвикан од делумниот тренд на опаѓање на производството во другите делови на Латинска Америка.
Хондурас е петти по големина производител на кафе во светот, најголем производител во Централна Америка и трет по големина во Латинска Америка.