Lokman İlhan
10 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
БОГОТА (АА) - Земјотрес со јачина од 7,6 степени по Рихтер го погоди северниот дел на Хондурас, поради што е дадено предупредување од цунами, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот Центар за геолошки истражувања (USGS) соопшти дека земјотресот погодил подрачја во близина на островот во Карипското море.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри.
Локалните медиуми наведуваат дека сеуште не е познато дали имало човечки жртви, но е издадено предупредување од цунами.