Hakan Çopur
10 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Донадл Трамп на 16 јануари во Белата куќа ќе се состане со претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбајев, јавува Anadolu Agency (AA).
Како беше соопштено од Белата куќа, за време на средбата ќе се разговара за билатералните и регионални односи.
Се очекува дека ќе се разговара и за ситуацијата во Авганистан, со оглед дека Казахстан од почетокот на овој месец преседава со Советот за безбедност на ОН.
Исто така, лидерите ќе разговараат и за безбедносните политики на САД и Казахстан.
Планирани се и низа на состаноци на претседателот на Казахстан со американските официјални лица.