Adham Kako
09 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Најмалку 18 цивили загинаа во новите воздушни напади извршени денес на подрачјето на Источна Гута, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Цивилната заштита, во нападите кои ги вршат силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад, според прелиминарните податоци, загинале 18 цивили.
Екипите на терен работат на спасување на цивилите затрупани под урнатините. Во континуираните напади ранети се голем број цивили, а постои загриженост дека бројот на загинати би можел да порасне.
Од Цивилната заштита објавени се податоци дека во последните 12 дена на подрачјето на Источна Гута, како резултат на интензивните напади на Асад и неговите приврзаници, загинале 121, а ранети се 580 цивили. Со денешниот биланс, бројот на загинати е зголемен на 138.
Во Источна Гута, која е под контрола на опозицијата, живеат околу 400.000 цивили, а половина од нив се деца. Опсадата на Источна Гута, која е една од зоните без судири, е интензивирана во последните девет месеци.
На подрачјето, во кое е продлабочена хуманитарната криза, неколку илјади болни чекаат евакуација, а за над 600 болни потребна е итна евакуација.
Поголемиот дел од болните се деца и заболени од карцином чија болест е во поодминат стадиум. До денес, поради недостаток на храна и лекови, починаа голем број деца од Источна Гута.