Mümin Altaş
06 Февруари 2016•Ажурирај: 07 Февруари 2016
АСТАНА (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој престојува во посета на Казахстан, се сретна со премиерот Карим Масимов, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот се одржа во зградата на Владата на Казахстан во главниот град Астана, а покрај тоа одржан е и меѓуделегациски состанок.
Давутоглу во текот на состанокот на делегациите истакна дека Турција и Казахстан се две земји со заедничка култура, но исто така и со заеднички стратешки интереси.
Додаде дека ова е негова прва посета на Казахстан во својство на премиер на Турција, но се надева дека нема да биде последна.
„Иако Турција и Казахстан немаат заедничка граница, сметаме дека тоа се две соседни и пријателски земји. Откако Казахстан прогласи независност односите помеѓу двете земји се доведени на највисоко ниво”, рече Давутоглу и нагласи дека во таа смисла би му било задоволство да биде домаќин на претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбајев во Анкара.
Истакна и дека во текот на состанокот станало збор и за други теми, дека Турција и Казахстан имаат заедничка перспектива по секое прашање и дека би бил многу задоволен доколку помеѓу двете земји се случи развој на соработката во трговијата, економијата и други сектори.
Заедно со Давутоглу во Астана престојува и заменикот-премиер Тугрул Туркеш, министерот за економија Мустафа Елиташ, министерот за транспорт, поморство и комуникации Бинали Јилдирим и други членови на делегацијата.