Zeynep Tüfekçi
10 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
АЛ-БАИДА (АА) - Во напад на Ал-Баида, во Јемен, извршен со беспилотно летало за кое се сомнева дека е американско, убиени се тројца милитанти на терористичката организација Ал Каеда, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што изјави еден од племенските водичи во тој град, беспилотното летало погодило автомобил во движење во кој се наоѓале припадниците на Ал Каеда.
Ниту американските ниту јеменските официјални претставници не дадоа официјално соопштение за нападот.
САД во последно време често врши воздушни напади на упориштата на Ал Каеда кои се наоѓаат во Ал Баиди, Шабви и Ајбан.