Gözde Bayar
21 Септември 2020•Ажурирај: 22 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на Хондурас, Хуан Хернандез, изјави дека земјата се надева дека ќе ја премести својата амбасада во Ерусалим до крајот на оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хернандез на Твитер сооопшти дека телефонски разговарал со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за зајакнување на стратешкиот сојуз и дека се согласиле да ги отворат амбасадите во Тегусигалпа и Ерусалим.
„Се надеваме дека ќе го направиме овој историски чекор пред крајот на годината, сè додека тоа го дозволува пандемијата“, додаде тој, истовремено честитајќи му на Нетанјаху за потпишувањето на договорите за нормализација на Израел со Обединетите Арапски Емирати и со Бахреин на почетокот на овој месец.
Како одговор, Нетанјаху изрази благодарност за солидната поддршка на Хондурас за Израел.
Во моментов, има две странски амбасади лоцирани во Ерусалим: амбасадите на САД и на Гватемала.
Неколку земји ветија дека ќе ги преместат своите амбасади во Ерусалим, вклучувајќи ги Бразил, Унгарија, Молдавија, Романија и неодамна, Србија и Косово.