Sinan Doğan, Muhammed Emin Canik
15 Септември 2021•Ажурирај: 16 Септември 2021
БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за смртта на голем број лица во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 731 лице заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 587.797.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 13.406, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 21.019.830.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 20.108.417 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.046 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 12.929 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 269.015 смртни случаи, а вкупната бројка лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 3.528.972. Досега во оваа земја оздравеа 2.876.139 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е 4. земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 176 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 113.816. Во истиот период детектирани се 3.017 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 5.229.848.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 5.080.986 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на 9. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 26 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 125.713.
Во последното деноноќие детектирани се 1.435 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број заразени со вирусот се искачи на 4.932.998. Во оваа земја досега оздравеа 4.771.125 лица заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 10. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Гватемала
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 41 смртен случај предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 12.795 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 4.299 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 515.756.
Досега во оваа земја оздравеа 460.278 лица кои биле заразени со коронавирусот.
- Хондурас
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 30 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 1.329 лица.
Вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 354.970, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 9.400 лица, а оздравеа 108.225 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.