Mehmet Nuri Uçar
27 Декември 2021•Ажурирај: 27 Декември 2021
БАГДАТ
Стотици луѓе кои се противат на изборните резултати во Ирак ги затворија влезовите на Зелената зона во главниот град Багдад, пред да биде соопштена судската одлука во врска со барањето за поништување на резултатите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносни извори, стотици демонстранти поврзани со шиитската коалиција „Фатах“ и другите политички ограноци на „Хашд ал Шаби“ започнаа акција пред одлуката на ирачкиот Врховен федерален суд за ова прашање.
Толпата која напредува кон Зелената зона во Багдад, каде се наоѓаат владините згради и претставништвата на странските мисии, ги блокираше влезовите и излезите во регионот.
Во случај демонстрантите да упаднат во областа, стационирани се дополнителни војници во влезовите на Зелената зона.
Ирачкиот Врховен федерален суд се очекува да се состане денес и да ја оцени жалбата за поништување на изборните резултати.
Одлуката на судот е конечна и нема жалба.
Откако загубија многу гласови на предвремените парламентарни избори одржани на 10 октомври во Ирак, коалицијата „Фатах“ и другите политички ограноци на „Хашд ал Шаби“ се противат на изборните резултати.