Турција

Изградбата на првата турска фабрика за домашниот автомобил започнува во мај

„Имаме за цел до 2032 година да произведеме еден милион електрични возила“

Aysu Biçer  | 28.01.2020 - Обновена : 31.01.2020
Изградбата на првата турска фабрика за домашниот автомобил започнува во мај

ГЕБЗЕ (АА) - Камен-темелникот на првата фабрика за домашниот автомобил во Турција ќе биде поставен во мај, а изградбата се очекува да трае една година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ѓурџан Каракаш од Иницијативната група за производство на турскиот автомобил (TOGG), на прес-конференција во индустриската област Коџаели соопшти дека фабриката ќе започне со сериско производство во 2022 година, со годишен капацитет од 175.000 единици.

Паметната фабрика ќе се гради во градот Гемлик, во северозападната турска област Бурса.

„Проектниот план е готов. Сакаме да имаме маркантен дизајн на објектот. Во разговори сме со најдобрите компании во светот за прашања поврзани со производствената линија.“

„Имаме за цел до 2032 година да произведеме еден милион електрични возила“, изјави тој, додавајќи дека во 2022 година ТОГГ ќе биде автоматска компанија со највисок капитал во Турција.

Тој додаде дека за првпат моделот Ц-СУВ (C-SUV) ќе биде изложен во Мобилниот светски конгрес (MWC) закажан за февруари во Барселона.

Нагласи дека низ цела Турција ќе се изгради соодветна инфраструктура за напојување на автомобилите.

„Пазарот на возила со мотор на внатрешно согорување ќе се намали под 50 отсто во 2030 година, што значи дека над 50 отсто од автомобилскиот пазар ќе биде со електрични возила.“

Во јуни 2018 година пет индустриски гиганти: Групацијата „Анадолу“, БМЏ, Кок-групацијата, „Турксел“ и „Зорлу холдинг“, како и покровителната организација Унијата на комори и стоковни размени на Турција, се здружија и го формираа ТОГГ.

ТОГГ до 2030 година ќе произведе пет различни модели - СУВ, „седан“, „c-хечбек“, Б-СУВ и Б-МПВ, за кои ќе ги поседува правата за интелектуална и индустриска сопственост.

Изградбата на фабриката се проценува да достигне 22 милијарди турски лири (3,7 милијарди долари). Ќе има 4.323 вработени, вклучувајќи 300 лица квалификуван персонал.

Платформата за електричното возило ТОГГ, дизајнирана од страна на инженерите на ТОГГ, комплетно за сите пет модели, ќе биде оригинална и патентирана.

Платформата ќе обезбеди структура за максимална ефикасност, удобност, издржливост и безбедност.

Домашниот автомобил ќе биде поддржан и од властите преку намалување на данокот и разни стимулации.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.