Elena Teslova
01 Септември 2023•Ажурирај: 03 Септември 2023
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека плановите на Велика Британија за изградба на погон за производство на оружје во Украина нема да придонесат за решавање на конфликтот, јавува Анадолу.
Песков на прес-конференција во Москва нагласи дека Русија негативно гледа на најавата за почеток со работа на компанијата „БАЕ системс“ во Украина.
Според Песков, со постоењето производител на оружје во Украина „не може суштински да се промени ситуацијата“, но „нема да придонесе за смирување на тензиите и решавање на конфликтот околу Украина“.
Тој, исто така, предупреди дека какви било капацитети за производство на оружје, а особено ако тоа оружје се користи против Русија, ќе станат фокус на руската војска.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски вчера во Киев оствари средба со Чарлс Вудбурн, извршниот директор на најголемата британска корпорација од одбранбениот сектор „БАЕ системс“, и го најави почетокот на работата на компанијата во Украина.