Erdoğan Çağatay Zontur
28 Јануари 2020•Ажурирај: 29 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Турција денес ја одбележува 95-годишнината од првиот реализиран лет на пилотот Веџихи Хуркуш, пишува Агенција Анадолија (АА).
Хуркуш, кој истовремено беше и инженер за авијација, започнал со изработка на авионот „Веџихи K-VI“ во 1923 година.
Две години подоцна, тој го реализирал својот прв лет со авионот преку турската егејска област Измир.
Предавал на турските воени и поморски академии, и имал за цел да го прошири авијацискиот сектор на национално ниво.
Тој се смета за пионер во авијацијата, бидејќи започнал да работи во таа индустрија кога уште била во своите првични фази.
„1923 година беше година во која во тек беа научниот развој и истражувањето за авијацијата“, изјавил Хуркуш во интервју во 1925 година.
Тој започнал да работи на трупот на првиот турски авион со употреба на материјал од грчки авион заробен за време на турската Војна за независност. Но, имало недостаток на техничка експертиза во земјата.
„Во тоа време немаше ниту еден инженер за авиони во нашите Воздухопловни сили, ниту пак имаше некој колега што може научно да ги испита деловите од авионот“, изјавил Хуркуш.
„Одлучив да одам по непознатата територија самостојно“, додал тој.
Хуркуш е роден во 1896 година и основното образование го завршил во Истанбул. Потоа се придружил на Армијата и завршил обука за пилот.
Тој учествувал во борбата против Русите во есента 1917 година и соборил руски авион.
Во 1932 година, Хуркуш го основал Училиштето за цивилно воздухопловство „Веџихи“, прво од ваков вид во Турција.
Тој во 1933 година ги произвел и авионите „Веџихи XIV“, „Веџихи XV“ и Нури-бег-Веџихи XVI“.
Хуркуш почина во 1969 година, но неговото наследство продолжува и понатаму.