Турција

Ердоган: „За мир во Либија потребно е да се запре Хафтар, кој побегна од Москва и Берлин“

„Хафтар кој избега од Москва и од Берлин, продолжува да го крши примирјето. За мир во Либија потребно е да се сопре Хафтар“

Enes Kaplan, Mehmet Tosun  | 27.01.2020 - Обновена : 28.01.2020
Ердоган: „За мир во Либија потребно е да се запре Хафтар, кој побегна од Москва и Берлин“

БАНЏУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Калифа Хафтар не е заинтересиран ниту за примирје, ниту за мир во Либија, јавува Агенција Анадолија (AA).

Ердоган се состана со претседателот на Гамбија, Адам Бароу, по што одржа заедничка прес-конференција.

Турскиот претседател потсети дека разговарал со неговиот гамбиски колега за време на неговата посета на Турција разговарале за унапредувањето на соработката меѓу двете земји и дека донеле одлука да преземат конкретни чекори за тоа прашање. 

Ердоган се заблагодари што Гамбија побара од Меѓународниот суд на правдата да се запре насилството врз муслиманите Рохинџа.

„Одлуката која судот ја донесе на 23 јануари, благодарение на Гамбија, е значаен чекор преземен на патот на правдата“, рече Ердоган.

На 23 јануари, Меѓународниот суд на правдата побара од Мјанмар да преземе мерки за превенција на убиствата и злосторствата над муслиманите Рохинџа.

Ердоган се осврна и на борбата против терористичката организација ФЕТО и потсети дека Гамбија е една од првите земји што ги запрела активностите на ФЕТО на полето на образованието.

„Овој одлучен потег на Гамбија и другите африкански земји беше пример за борбата против ФЕТО. Ниту ние не дозволивме децата во Гамбија да бидат на кој било начин оштетени. Училиштето во Бањџул, кое припаѓа на турската Фондација Маариф, работи успешно. Верувам дека фондацијата ќе продолжи да ги едуцира идните генерации во новите простории што ќе ги отвориме денес“, рече Ердоган.

Ердоган одговараше и на прашањата на новинарите, кои меѓу останатото, се однеуваа и на случувањта во Либија.

На прашањето какви чекори ќе преземе Турција по нападите на силите лојални на Калифа Хафтар, кои продолжуваат и покрај конференцијата во Берлин и постигнатиот договор, Ердоган рече дека Хафтар, ниту во Берлин, ниту во Москва, не го потпишал постигнатиот, ниту подготвениот текст.

„Сараџ потпиша, но Хафтар не. Доколку сите страни на меѓународните состаноци не ги потпишат ваквите текстови, не може да се каже дека е постигнат договор“, рече Ердоган.

Истакна дека и покрај фактот што процесот во Берлин е процес со голем број учесници, Хафтар тоа го следел од хотелската соба.

„Овој текст од 55 члена ќе оди и во Советот за безбедност на Обединетите нации. Но, едно нешто е многу важно, а тоа е дека Хафтар отсекогаш бегал од овој процес, и на крајот, многу е интересна изјавата на неговиот портпарол, „Процесот во Либија е на крајот на цевката“. Тоа значи следново: Хафтар не е заинтересиран ниту за примирје, ниту за мир. Се надеваме дека оние што дојдоа во Берлин ги слушнаа овие зборови и дека според тоа ќе го прилагодат својот став“, рече Ердоган.

На прашањето какви чекори ќе преземе Турција кога станува збор за безбедноста во Либија, Ердоган потсети дека Фајез Ал-Сараџ е лидерот кој го признава Советот за безбедност на ОН.

„Постојат војници кои врз основа на одлуката на Големото народно собрание на Турција се испратени како инструктори. Оние што се со Хафтар се легионери како и самиот Хафтар, а местото од каде што добива поддршка е администрацијата на Абу Даби. Парите доаѓаат оттаму“, рече Ердоган.

Додаде дека се надева дека во Либија што поскоро ќе завладее мир.

Нагласи дека Владата на национално единство се придржувала до сите одлуки.

„Хафтар кој избега од Москва и од Берлин, продолжува да го крши примирјето. За мир во Либија потребно е да се сопре Хафтар“, порача Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın