Турција

Напаѓачот на ноќниот клуб во Истанбул може да се соочи со 40 доживотни затворски казни

Доколку биде осуден, Машарипов би можел да се соочи со 15 години затвор под обвинение за членување во вооружена терористичка организација, и вкупно 2.370 години за повредување 79 лица при оружениот напад

Burak Dağ  | 27.01.2020 - Обновена : 28.01.2020
Напаѓачот на ноќниот клуб во Истанбул може да се соочи со 40 доживотни затворски казни

ИСТАНБУЛ (АА) - Напаѓачот на ноќниот клуб во Истанбул во 2017 година, во чиј напад загинаа 39 лица, може да се соочи со 40 отежнати казни доживотен затвор, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Судот во Истанбул го товари Абдулкадир Машарипов, државјанин на Узбекистан, за убиство и членување во вооружена терористичка организација“, соопштија судски извори.

„Судот за тешки кривични дела бр. 27 во Истанбул, исто така, побара отежната казна доживотен затвор за Машарипов поради обид за рушење на уставниот поредок“, истакнаа изворите кои сакаа да останат анонимни.

Обвинението се фокусира на смртоносниот вооружен напад во ноќниот клуб „Реина“ во раните утрински часови на 1 јануари 2017 година, при што беа повредени и 70 лица.

Во обвинението се споменати вкупно 58 осомничени. Осумнаесет од нив се во притвор, а обвинителите предложија ослободителна пресуда за осум други.

Доколку биде осуден, Машарипов би можел да се соочи со 15 години затвор под обвинение за членување во вооружена терористичка организација, и вкупно 2.370 години за повредување 79 лица при оружениот напад.

Во обвинението се повикува на иста казна и за сопругата на Машарипов, Зарина Нурулаева, како и за соучесниците Илјас Мамашарипов, Абдуррауф Серт и Али Џамил Мухамед, кои, според обвинителите, биле главните планери на нападот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.