Zafer Fatih Beyaz
31 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека 9 припадници на терористичката организација ПКК/ЈПГ, кои се обиделе да се инфилтрираат во областа на операцијата „Извор на мирот“, се неутрализирани од единицата командоси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Девет припадници на терористичката организација ПКК/ЈПГ, кои се обидоа да се инфилтрираат во областа од операцијата „Извор на мирот“, се неутрализирани со успешната операција на нашите командоси херои. Ќе продолжиме да ги преземаме сите мерки за одржување на мирот и спокојството во регионот“, се вели во соопштението на Министерството.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Од 2016 година, Турција започна три успешни прекугранични антитерористички операции, во северна Сирија, за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (октомври 2019 година).