Турција, Коронавирус

На пат тргнаа пакетите со храна „Вефа“ подготвени со помош на филантропите

- Во рамките на активностите за Социјалната помош „Вефа“ од Истанбул испратен е првиот дел од помошта од 333.000 пакети храна која во наредните 6 недели ќе им биде доделена на турските граѓани на кои таа им е потребна

Çiğdem Münibe Alyanak, Metin Tokgöz  | 31.03.2020 - Обновена : 31.03.2020
На пат тргнаа пакетите со храна „Вефа“ подготвени со помош на филантропите

ИСТАНБУЛ

Во рамките на активностите за Социјалната помош „Вефа“ од Истанбул, благодарение на поддршката на добротворите, на пат е испратен првиот дел од помошта од 333.000 пакети храна која во наредните 6 недели ќе им биде доделена на турските граѓани на кои таа им е потребна, јавува Агенција анадолија (АА).

Во место Малтепе во областа Истанбул беше организирана церемонија по повод тргнувањето на првиот конвој кој ќе им достави помош во храна на повеќе од 50.000 турски државјани на возраст од 65 години и повеќе и хронично болни кои имаат неповолна финансиска состојба, според податоците со кои располага Фондот за социјална помош и солидарност.

Гувернерот на Истанбул Јерликаја во своето обраќање истакна дека станува збор за историски момент, кога и светот и Турција се наоѓаат под голема закана на едне невидлив непријател, додавајќи дека со помош на Господ, и овие денови ќе останат зад нас.

Истакнувајќи дека никого не оставиле беспоношен, осмен, Јерликаја рече „Бидете добро располежени. Државата е покрај својот народ и народот е покрај својата држава“.

Гувернерот Јерликаја потсетувајќи дека според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција, почнувајќи од 22 март, на лицата на возраст од 65 години и повеќе и граѓаните со хронични болести забрането им е да излегуваат на улица, додаде „Ги поддржуваме постарите лица за нивното рабирање и нивните молитви. Како гувернер на овој град, би сакал да изразам благодараност за фактот дека тие на најдобар можен начин се однесуваа во согласност со оваа забрана“.

Јерликаја потсети дека претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган започнал голема акција на ниво на целата земја за лојалност кон лицата на возраст од 65 години и повеќе, додадвајќи дека како гувернерство на Истанбул ќе се однесуваат во согласност со налозите дадени од страна на претседателот Ердоган.

Јерликаја рече дека последните 5 дена работат деноноќно заедно со Фондот за социјална помош и солидарност, со цел да им се помогне на лицата на возраст од 65 години и повеќе и хронично болните лица. „Сите тие документи беа одделно разгледани. Изнајдени се адресите од вкупно 53.000 документи во нашите 39 општини. Побаравме овие адреси да бидат точно одредени за да можеме да поѕвониме на вратите на нашите постари лица“, рече Јерликаја.

Гувернерот Јерликаја рече дека во целиот проект учество земале управители на околии, групите за Социјална поддршка „Вефа“ и центарот за комуникација „Вефа“, локалните раководства, раководители на општини, Црвената полумесечина, Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), волонтери и невладини организации.

Тој информираше дека почнувајќи од 22 март во 13 часот по локално време досега се направени 73.000 повици, при што стапено е во контакт со 65.000 стари лица, а во преостанатите 7 до 8 илјади повици добиени се информации за старите лица.

Гувернерот Јерликаја истакна дека во наредните недели во домовите на старите и хронично болните лица ќе бидат доставувани пакети со храна, при што сите адреси ќе бидат координирани со навигација, за храната да биде доставена во најкусо време во период од 24 часа од нејзиното подготвување од страна на технолози за храна.

По своето обраќање, гувернерот Јерликаја ги проконтролира пакетите со храна. Пакетите со храна и хигиенски материјал потоа тргнаа на пат за испорака со помош на фирмата за транспорт „Гетир“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.