Meltem Bulur
28 Септември 2018•Ажурирај: 29 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Мелтем Булур -
Годишно околу 18 милиони лица во светот умираат од кардиоваскуларни болести, јавува Anadolu Agency (AA).
Утре се одбележува Светскиот ден на срцето кој Светската кардиолошка федерација во 2000 година го втемели со цел информирање на луѓето ширум светот дека болестите на срце и мозочен удар се светски причинители на смртта.
Се проценува дека тој број до 2030 година ќе изнесува 23 милиони.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), главна причина за смрт во светот се кардиоваскуларните болести. Годишно животот го губат околу 17,9 милиони лица.
Најважни фактори кои доведуваат до оваа болест се употреба на тутун, нездрава исхрана, физичка неактивност, консумирање на храна која содржи високо ниво на сол и консумирање на алкохол.
Според статистичките податоци, третина од заболените се лица на возраст под 70 години. Од година во година расте бројот на лицата заболени лица од кардиоваскуларни болести.
Експертите наведуваат дека неделно е потребно да се има пет пати физичка активност и тоа во траење на најмалку половина час.
Земјите во кои најмалку се забележани случаите со кардиоваскуларни болести се Андора, Франција, Израел, Јапонија, Перу и Шпанија. А најмногу случаи се забележани на подрачјето на Подсахарска Африка, централна Азија и во западна и централна Европа. Висок степен на заболени од кардиоваскуларни болести е забележан во Ирак, Авганистан и Јужнопацифичките острови.
Голем процент на намалување на ова заболување е забележан во САД, Канада, Австралија, Јапонија и Јужна Кореја.